The Best Love
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

The Best Love

Официјален форум на irc каналот #TheBestLove
 
HomeБарајLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Официјални правила на форумот

Go down 
АвторПорака
System Error
Администратор
System Error


Male Број на мислења : 3
Age : 32
Registration date : 2008-01-02

Официјални правила на форумот Empty
ПишувањеПредмет: Официјални правила на форумот   Официјални правила на форумот Icon_minitimeЧет Јан 03, 2008 10:55 am

Овoj форум е замислен како алатка за сите оние што се во вечна онлајн
потрага по нови знаења и сакаат да ги прошират своите хоризонти. Нашата
цел е да овозможиме основа за македонскиот интелектуален ум, поврзување
на генерациите и место каде луѓето би можеле да дискутираат на дадени,
или пак теми кои тие би ги предложиле. Екипата на #TheBestLove (ќе) се потруди
да пронајде високо квалификувани модератори, па доколку вашата замисла
за дискусија се сведува на банални теми, нема потреба да им го трошите
времето и просторот на оние на кои им значи многу повеќе.

За да учествувате на форумот The Best Love најпрво треба да се регистрирате.

Правила на форумот

Пораките
на форумот претставуваат ставови и мислења на авторите, а не на
сопствениците на овој форум или администраторите. TheBestLove.forumotion.com
не одговара за содржините на пораките или ставовите изнесени во нив
(ставовите изјаснети на овој форум од страна на авторите не треба да се
земаат како факт бидејќи се продукт на сопствениот ум на авторите и се
нивни лични ставови, кои секако се косат со некои од ставовите и
мислењата на другите, а ставени се на овој форум за дебатирање на
одредена тема.). Сите пораки се сопственост на авторите.

Пораките
кои содржат навреди, закани, вулгарности, порнографија, отворени
клевети или повикување на насилство, како и сите пораки кои
администраторите ги сметаат за непристојни, ќе бидат избришани. Ова ги
вклучува (но не се ограничува) сите облици на национална, расна,
верска, сексуална или било каква омраза.

Не е дозволено повторно отворање на теми (topics) кои се веќе отстранети или затворени од модераторите.

Пред
да напишете пост, проверете дали темата (или слична на неа) е претходно
дискутирана на форумот. Одберете наслов кој најдобро ќе ја опише темата
за која би сакале да дискутирате.

Ве молиме да се придржувате до
содржината на темата. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока
можат да бидат избришани или префрлени во друга тема.

Потрудете
се вашите постови да бидат рационални и обмислени. Постови и топици кои
од модераторите се проценети како неадекватни ќе бидат избришани, а на
членовите кои често ги испраќаат ќе им биде одземен налогот.

Не е дозволено никакво пропагирање, вклучувајќи политичко, религиозно и комерцијално.

Користете
свои зборови. Ако сакате да ги користите зборовите на некој друг, тогаш
цитирајте ја личноста со наводници. Плагијатот не е етички и воедно е
кривичен прекршок во многу земји.

Не линкувајте до сајт кој има
сексуално ориентирана содржина или пак содржина која може да се смета
за непристојна. Секој пост со непристоен линк ќе биде избришан, а на
членот што го напишал ќе му биде изречено предупредување.

Членовите
на форумот можат меѓусебно да комуницираат преку приватни пораки. Ве
молиме да ја почитувате приватноста на останатите членови и да не
испраќате приватни пораки, освен ако навистина не е потребно.

Не е дозволено користење на повеќе од едно корисничко име. Домејн имиња во налогот не се дозволени.

Не е дозволено користење на материјали кои се заштитени со авторски права.

Одговарајте
разумно на коментарите и бидете пристојни во секое време.
Конструктивната критика е добредојдена, но навреди упатени кон другите
членови на форумот нема да бидат толерирани.

Ви препорачуваме да
не оставате лични информации за себе (број на телефон, адреса и сл.).
Истотака, не оставајте податоци за останатите корисници на форумот. Ве
молиме да не шпекулирате и околу идентитетот на другите членови.

Корисници од други држави се добредојдени. Можете да користите било кој јазик, но не очекувајте дека сите ќе ве разберат.

Ако чувствувате дека некој од постовите ги прекршува овие правила, пријавете го тоа на А1|Team преку приватна порака на форумов, на mIRC на каналот #TheBestLove или преку е-мајл kuzmanov_boris@kabelnet-tv.com.mk

Сопственикот
на форумот НЕ СЕ ОБВРЗУВА да ги образложи своите причини за
отстранувањето на пораките и го задржува правото да ги избрише налозите
на корисниците кои ги кршат горенаведените стандарди.
Вратете се на почетокот Go down
https://thebestlove.forummk.com
 
Официјални правила на форумот
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
The Best Love :: » Форум :: Правила на форумот-
Отиди до: